ПРАВИЛА ЗА НАГРАДНА ИГРА “ОВА ЛЕТО БИДИ ЕКО“ 2018

July 13, 2018

Согласно член 126 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри (Службен весник на РМ број 24/2011), Друштвото за производство, трговија и услуги КОЖУВЧАНКА ДОО увоз извоз Кавадарци, со седиште на ул.Шишка бр.37 Кавадарци, со ЕДБ МК 4011995103008 и ЕМБС 5017556, застапувано од Управителот Јанинка Чупаркоска, на ден 26.06.2018 година, ги донесе следниве:

ПРАВИЛА ЗА НАГРАДНА ИГРА

“ОВА ЛЕТО БИДИ ЕКО“

Организатор на наградната игра

Член 1

            Организатор на наградната игра со назив “ОВА ЛЕТО БИДИ ЕКО“ е Друштвото за производство, трговија и услуги КОЖУВЧАНКА ДОО увоз извоз Кавадарци, со седиште на ул.Шишка бр.37 Кавадарци, со ЕДБ МК 4011995103008 и ЕМБС 5017556.

Назив на наградната игра

Член 2

            Официјалното име на наградната игра гласи “ОВА ЛЕТО БИДИ ЕКО“.

Цел на наградната игра

Член 3

            Целта на оваа наградна игра е рекламирање на производот минерална негазирана вода ИЗВОРСКА Пакет 1/6, во пакување од 0,75 литри.

Територија

Член 4

            Наградната игра ќе се организира и ќе се спроведува на територијата на Град Скопје.

Право на учество

Член 5

            Во наградната игра право на учество имаат сите полнолетни граѓани во Република Македонија, со купување на Пакет ИЗВОРСКА 1/6 во пакување од 0,75 литри, посебно означен за наградна игра.

            Право на учество во наградната игра немаат вработените во ДПТУ КОЖУВЧАНКА ДОО Кавадарци и членовите на потесниот круг на нивните семејства.

Член 6

Место на одржување на наградната игра

Наградната игра ќе се одржува и ќе важи само за градот Скопје, во сите објекти на маркетите ТИНЕКС-МТ, КИТ-ГО, ВЕРО, ЖИТО, РАМСТОР, РЕПТИЛ, ГРАНАП ГНП и ГРАНД ПРОМ ЗУР, а во неа можат да учествуваат сите полнолетни граѓани на Р. Македонија.

Времетраење на наградната игра

Член 7

            Наградната игра ќе се спроведува во периодот од 15.07.2018 година до 31.08.2018 година во објектите на маркетите ТИНЕКС-МТ, КИТ-ГО, ВЕРО, ЖИТО, РАМСТОР, РЕПТИЛ, ГРАНАП ГНП и ГРАНД ПРОМ ЗУР, само во градот Скопје, во кои се продава минерална негазирана вода ИЗВОРСКА Пакет 1/6, во пакување од 0,75 литри.

            Наградната игра започнува на 15.07.2018 година до 31.08.2018 година.

Услови за учество во наградната игра

Член 8

Секое полнолетно физичко лице, кое во периодот на времетраењето на наградната игра од 15.07.2018 година до 31.08.2018 година, ќе купи пакет минерална негазирана вода ИЗВОРСКА Пакет 1/6, во пакување од 0,75 литри во објектите на маркетите ТИНЕКС-МТ, КИТ-ГО, ВЕРО, ЖИТО, РАМСТОР, РЕПТИЛ, ГРАНАП ГНП и ГРАНД ПРОМ ЗУР, само во градот Скопје, каде што истите се продаваат, се стекнува со право на учество во наградната игра.

            Не постои никакво ограничување на количината која секој учесник ќе сака да ја купи.

Механизам на наградната игра

Член 9

            ДПТУ КОЖУВЧАНКА ДОО Кавадарци во периодот додека трае наградната игра ќе пушти во промет неограничена количина од минерална негазирана вода ИЗВОРСКА Пакет 1/6, во пакување од 0,75 литри.

            Производите предмет на наградната игра ќе бидат пакувани во Пакет 1/6, посебно означен со етикета за наградна игра, на која ќе биде впишан називот на наградната игра и правилата за учество во наградната игра.

            Со секој купен пакет минерална негазирана вода ИЗВОРСКА 1/6, во пакување од 0,75 литри, учесниците добиваат инсертер, во кој ги пополнуваат сопствените податоци и се собираат во посебно дизајнирани наградни кутии, кои ќе бидат поставени во сите објекти во маркетите ТИНЕКС-МТ, КИТ-ГО, ВЕРО, ЖИТО, РАМСТОР, РЕПТИЛ, ГРАНАП ГНП и ГРАНД ПРОМ ЗУР, само во градот Скопје.

            За да се подигне и реализира наградата потребно е добитникот да ја приложи фискалната сметка за купениот производ.

Член 10

Секој учесник во наградната игра е должен да ги наведе сопствените податоци во инсертерот, како и во него во посебно означените полиња да наведе:

  • Име и презиме;
  • Адреса на живеење;
  • Број на мобилен телефон и
  • Број на фискална сметка.

Така пополнетиот инсертер, учесникот треба да го вметне во посебно дизајнирана наградна кутија која ќе биде поставена во секој објект на маркетите ТИНЕКС-МТ, КИТ-ГО,

ВЕРО, ЖИТО, РАМСТОР, РЕПТИЛ, ГРАНАП ГНП и ГРАНД ПРОМ ЗУР, само во градот Скопје, во периодот од 15.07.2018 година до 31.08.2018 година.

Регуларност на извлекување

Член 11

Организаторот на наградната игра ќе формира комисија од три члена, еден член вработен кај организаторот на наградната игра и двајца надворешни членови, кои ќе бидат задолжени да се грижат за регуларноста на текот на наградната игра и за извлекувањето на наградите, која ќе води и ќе состави записник за секој добитник на награда, кој ќе биде потпишан од страна на членовите на комисијата.

Извлекување на награди

Член 12

            По завршувањето на периодот на времетраењето на наградната игра сите инсертери од посебно дизајнираните наградни кутии се собираат во еден објект за секој маркет посебно, по што инсертерите од сите наградни кутии се истураат во еден поголем сад.

            Инсертерите собрани во објектите на маркетите ТИНЕКС-МТ, КИТ-ГО, ВЕРО, ЖИТО, РАМСТОР, РЕПТИЛ, ГРАНАП ГНП и ГРАНД ПРОМ ЗУР се собираат одделно за секој маркет и ќе се доделуваат награди во соработка со секој маркет посебно.

Извлекувањето на наградите ќе се врши на начин што едно лице ќе ги измеша внесените инсертери во големиот сад, ќе ги фрли во висина, а друго лице ќе фати еден инсертер, кој ќе биде добитник на награда за извлекувањето во еден маркет.

Извлекувањето ќе биде јавно, пред тричлена комисија назначена од страна на организаторот на наградната игра. Комисијата се состои од претставник на организаторот, претставник од ИНОВАТИВА ГРУП ДОО Скопје и претставник од соодветниот Маркет.

При извлекувањето ќе биде проверувана исправноста на инсертерите, односно дали се впишани податоците кои се бараат од учесниците. Ако тие не се исправни, ќе се врши влечење на друг инсертер сè додека не се извлечат сите награди.

Ќе се извлечат по три резервни добитници, во случај некој од добитниците да не приложи фискална сметка, се откажат од наградата или да не одговорат на неа.

 

Место на извлекување на наградите

Член 13

Извлекувањето на наградите за маркетот ТИНЕКС-МТ, ќе се одржи на ден 04.09.2018 година во  12.00  часот, во  просториите  на  објектот  СУПЕР  ТИНЕКС – ГОДЕЛ, на ул.Перо Наков бр.108 – Скопје, на кое извлекување ќе се додели награда Сет: Вeлосипед и Велосипедска Опрема.

Извлекувањето на наградите за маркетот КИТ-ГО, ќе се одржи на ден 04.09.2018  година, во 14.00 часот, во просториите на објектот КИТ-ГО  – АВТОКОМАНДА, на ул.Балиор бр.4 – Скопје, на кое извлекување ќе се додели награда Сет: Велосипед и Велосипедска Опрема.

Извлекувањето на наградите за маркетот ВЕРОПУЛОС, ќе се одржи на ден 05.09.2018 година во 12.00 часот, во просториите на објектот ВЕРО ТАФТАЛИЏЕ, на ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.76 – Скопје, на кое извлекување ќе се додели награда Сет: Велосипед и Велосипедска Опрема.

Извлекувањето на наградите за маркетот ЖИТО, ќе се одржи на ден 05.09.2018 година во 14.00 часот, во просториите на објектот ЖИТО – ЖИТО 35, на Булевар Видое Смилевски Бато бр.1 – Скопје, на кое извлекување ќе се додели награда Сет: Велосипед и Велосипедска Опрема.

Извлекувањето на наградите за маркетот РАМСТОР, ќе се одржи на ден 06.09.2018 година во 12.00 часот, во просториите на објектот РАМСТОР – ВАРДАР, на ул.Св.Кирил и Методиј бр.13 – Скопје, на кое извлекување ќе се додели Сет: Велосипед и Велосипедска Опрема.

Извлекувањето на наградите за маркетот РЕПТИЛ, ќе се одржи на ден 06.09.2018 година во 14.00 часот, во просториите на објектот РЕПТИЛ – РЕПТИЛ Ново лисиче, на Булевар Видое Смилевски Бато бр.1/1 – Скопје, на кое извлекување ќе се додели награда Сет: Велосипед и Велосипедска Опрема.

Извлекувањето на наградите за маркетот ГРАНАП ГНП, ќе се одржи на ден 07.09.2018 година во 12.00 часот, во просториите на објектот ГРАНАП ГНП – ГРАНАП 3 КИСЕЛА ВОДА, на ул.1511 бр.22 – Скопје, на кое извлекување ќе се додели награда Сет: Велосипед и Велосипедска Опрема.

Извлекувањето на наградите за маркетот ГРАНД ПРОМ ЗУР, ќе се одржи на ден 07.09.2018 година во 14.00 часот, во просториите на објектот ГРАНД ПРОМ ЗУР – ЗУР МАРКЕТ 4 – Мичурин, на ул. Венијамин Маџуковски бр.5 – Скопје, на кое извлекување ќе се додели награда Сет: Велосипед и Велосипедска Опрема.

Награден фонд на наградната игра

Член 14

            Наградниот фонд на наградната игра “ОВА ЛЕТО БИДИ ЕКО“ изнесува 235.056,оо денари, со вклучен ДДВ.

            Организаторот на наградната игра ќе додели вкупно 8 награди, со поединечна вредност од по 29.382,оо денари.

Вид на награда Број на награди Поединечна вредност на награда Вкупна вредност на награди
Сет Велосипед и Велосипедска опрема 8 29.382,оо денари 235.056,оо денари

Запознавање со наградната игра

Член 15

Правилата на наградната игра ќе се објават на интернет страната www.izvorska.mk,

пред започнувањето на наградната игра, а по добивањето на согласност од страна на Министерството за финансии.

 

 

 

Рекламирање на наградната игра

Член 16

            За рекламирање на оваа наградна игра и за запознавање на учесниците со наградната игра ќе се користат најразлични рекламни средства, флаери, рекламни спотови на медиуми, социјални мрежи и промоции во маркети.

Објавување на добитници

Член 17

            Добитниците од оваа наградна игра ќе бидат објавени на интернет страната www.izvorska.mk, во рок од 3 дена сметано од денот на секое поединечно извлекување.

Подигање на наградите

Член 18

Организаторот телефонски ќе ги извести добитниците за наградите за кои се извлечени.

            Организаторот ќе им ги достави наградите на добитниците на домашна адреса во рок од 60 дена од денот на објавувањето на резултатите.

Замена на награди

Член 19

            Учесниците во наградната игра немаат право да бараат награди во поголема вредност или од различен вид од назначените во официјалните правила од страна на Организаторот. Замена на наградите со други предметни награди или други противвредности не е дозволена.

            Во ниту еден случај нема да биде доделен поголем број на награди од назначениот. Организаторот не подлежи на никаква одговорност за задоцнети или изгубени учества.

Приговори

Член 20

            Учесниците во наградната игра имаат право да поднесат приговор во рок од 7 дена од денот на објавувањето на добитниците.

            Приговорот се поднесува исклучиво во писмена форма до организаторот на наградната игра.

            Организаторот на наградната игра е должен во рок од 7 дена од денот на приемот на приговорот да одговори на истиот.

Прифаќање на правила за наградна игра

Член 21

            Со учеството во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила, запознат е со начинот на учество на наградната игра, механизмот за одвивање на наградната игра и другите  правила  кои  се  однесуваат  на оваа наградна игра.

Проверка на валидноста на учеството

Член 22

Организаторот го задржува правото на проверка на валидноста на учеството во Наградната игра како и правото за дисквалификација на учесниците коишто не ги почитуваат официјалните правила.

Наградата ќе биде доделена само ако добитникот има право на учество.

Користење на лични податоци

Член 23

            Организаторот на наградната игра има право личните податоци на добитниците да ги користи во своите идни маркетиншки цели, по претходно добиена писмена согласност од страна на добитниците за користењето на нивните лични податоци.

            Учесникот  во  наградната  игра  изречно  е  согласен  дека  организаторот  на  оваа наградна игра, до отповикување од страна на учесникот, може да прибира, води, чува и обработува збирка собрани лични податоци  на  наградените  корисници,  за  изведување на наградната игра, како и за маркетиншки цели.

            Дадената писмена согласност за користење на личните податоци за маркетинг цели, добитникот има право да ја отповика во секој момент, со доставување на барање, врз основа на кои личните податоци ќе се исклучат од понатамошното користење за маркетиншки цели.

            Организаторот на наградната игра се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за изведување на наградната игра.

            Организаторот на наградната игра се обврзува дека ќе ги обработува и чува податоците во согласност со законодавството со кое е уредена заштитата на личните податоци.

Личните податоци со кои организаторот се стекнал во текот на наградната игра  ќе  се  уништат  по  исполнувањето  на  целите за кои се собрани, а најдоцна во рок од 30 дена сметано од денот на преземањето на наградите, а уништувањето на  податоците  ќе  се  врши  согласно  Правилникот  за  начинот  на  уништување на документите, како и начинот на уништување, бришење и чистење на медиумите при ДПТУ КОЖУВЧАНКА ДОО Кавадарци.

 

Одговорност

Член 24

            Потенцијалниот учесник во оваа наградна игра разбира и се согласува дека учествува во наградната игра според неговото убедување.

            Организаторот на наградната игра не дава гаранција дека учесникот ќе добие награда ако потроши поголема сума на пари. Организаторот не одговара за евентуални штети причинети во текот или во врска со учеството во наградната игра.

            Организаторот не одговара во случај кога добиена награда не може да биде дадена или искористена поради невозможност, потенцијалниот добитник или негов претставник да се јави и да ја добие наградата во определените рокови или поради други технички или правни пречки, сврзани со конкретниот добитник или негов претставник и поради околности предизвикани од виша сила, нормативни или законски ограничувања

или други околности.

Даночни обврски

Член 25

            Даночните обврски за добитниците на наградите ги плаќа организаторот на наградната игра, во име и за сметка на добитникот.

Организаторот е одговорен за сите даноци, надоместоци и одговорности поврзани за наградите.

Евентуални спорови

Член 26

            Секое несогласување помеѓу Организаторот и учесниците во наградната игра ќе се решава спогодбено, а во случај на настанат спор за истиот ќе решава месно и стварно надлежниот суд во Кавадарци и во согласност со важечките закони во Р.Македонија.

Откажување на наградната игра

Член 27

            Организаторот на наградната игра може да го прекине спроведувањето на наградната игра во случај на виша сила или технички дефект и тоа во период потребен за отстранување на последиците од вишата сила, односно техничкиот дефект.

            Во случај на прекин на наградната игра, Организаторот на наградната игра ќе ги информира потрошувачите и учесниците во наградната игра за прекинот на наградната игра, за причините поради кои се прекинува наградната игра, како и за датумот на прекин на наградната игра, со објавување во најмалку еден дневен весник кој е достапен на територијата на која се приредува наградната игра.

Важност на правилата на наградната игра

Член 28

            Овие официјални правила важат од денот на нивното донесување, а ќе започнат да се применуваат откако Министерството за Финансии ќе издаде Дозвола за приредување на игра на среќа – наградна игра и истите ќе важат се до завршувањето на наградната игра.

            Со учеството во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила.

                                                                                        Организатор на наградната игра

                                                                                            ДПТУ КОЖУВЧАНКА ДОО Кавадарци

                                                                                              Управител Јанинка Чупаркоска

Go top